Финансии / Банкарство
Британската фунта зајакна во однос на еврото
30.05.2024
Британската фунта го достигна највисокото ниво во однос на еврото, по најавите дека Банката на Англија нема да ја следи одлуката на Европската централна банка за намалувањето на каматните стапки.
Фунтата зајакна за 0,3 отсто на 84,84 пени во однос на еврото, што е највисоко ниво од август 2022 година.
Од ЕЦБ најавија намалување на каматните стапки на почетокот на јуни, со две или три намалувања до крајот на годината. Се очекува, Банката на Англија да го направи првото намалување на каматите до ноември, пишува „Фајненшл тајмс“.
фото freepic