Финансии / Банкарство
Профитот на банките во САД повисок за 80 отсто
30.05.2024
Профитот на американскиот банкарски сектор се зголеми за 79,5 отсто на 64,2 милијарди долари во првиот квартал од 2024 година. Федералната корпорација за осигурување на депозити (FDIC) објави дека непрофитните трошоци на банките паднале за 22,5 милијарди долари во првиот квартал, што е главната причина за зголемувањето на профитот.
Показателите за квалитетот на средствата во американските банки, генерално, се поволни, но има забележително влошување во портфолијата на кредитни картички и комерцијални недвижности
- Банкарската индустрија продолжи да демонстрира отпорност во првиот квартал. Поради влошувањето на одредени кредитни портфолија потребно е да продолжи мониторингот. Депозитите во банките се зголемени за 1,1 отсто или на 190,7 милијарди долари. Проценетите неосигурени депозити се зголемија за 0,9 отсто, што е нивно прво зголемување од крајот на 2021 година, се наведува во соопштението на FDIC.
Во првиот квартал годинава се зголемиле проблематичните вложувања и изнесуваат 82,1 милијарди долари, а во моментот 1,4 отсто од банките се сметаат за „проблематични банки“, што е во рамките на нормалните очекувања, пренесува „Ројтерс“.
фото freepic