Финансии / Банкарство
Инфлацијата во Турција во мај порасна на 75,45 отсто
03.06.2024
Годишната стапка на инфлација во Турција во мај се зголеми на 75,45 отсто, објави турскиот институт за статистика Туркстат.
На годишно ниво најмногу пораснале цените во образованието за 104,8 отсто, станбените и комуналните услуги за 93,21 отсто, услугите во хотелите, кафулињата и рестораните за 92,94 отсто, а на алкохолните пијалоци и тутунот за 86 отсто.
Во април стапката на инфлација во Турција беше 69,8 отсто. Централната банка на Турција на 25 мај одлучи да ја задржи референтната каматна стапка на 50 отсто, во согласност со очекувањата на пазарот.
Основниот тренд на месечна инфлација е малку ублажен, но притисоците сè уште се присутни поради растот на цените на храната и геополитичките ризици, се посочува во соопштението на Комитетот за монетарна политика на Банката.
фото freepic