Финансии / Банкарство

Анализа на генерацискиот јаз и примена на електронското плаќање кај македонските потрошувачи

Економија и бизнис | печатено издание | 01 април 2024г.

Tековната дигитализација во светот, особено по пандемијата ковид-19, придонесе електронското плаќање (е-плаќањето) да стане многу важна компонента на секоја економија како метод на плаќање за компаниите и за домаќинствата. Брзиот начин на живот, пристапот на потрошувачите до интернет, можноста да се направи милионска трансакција со само еден клик, овозможи е-плаќањето (дебитни и кредитни картички, онлајн банкарски трансфери, дигитални паричници и мобилно плаќање) забрзано да се развива како во светски рамки така и во нашава земја. За само половина век, според податоците на Светската банка во 2021 година на глобално ниво, две третини од возрасната популација вршат е-плаќања, 95 % во развиените економии и 57 % во економиите во развој. Во 2023 година, на глобално ниво мобилно плаќање користат повеќе од две милијарди луѓе, што претставува 25 % од вкупното население. 


Целата анализа можете да ја прочитате на следниот ЛИНК

 

ПРЕПОРАЧАНО