Финансии / Банкарство

Французите се посветени на штедењето, но не ризикуваат со инвестициите!

06.06.2024

Во Франција штедат околу 85 отсто од граѓаните и тоа го прават со вложување на заштедите во сигурни инвестиции.  Француските штедачи се придржуваат на логиката за преземање на минимален ризик и приход, а за тоа се одлучиле 69 отсто од анкетираните граѓани, кои биле вклучени во истражувањето на агенцијата ИФОП. Само  17 отсто изјавиле дека се подготвени да преземат ризични вложувања , кои потенцијално би им донелe повисоки приходи, пренесува весникот „Фигаро“.  

Меѓу француските штедачи најпопуларни се регулираните штедни сметки, штедењето за стан и животното осигурување, и вложувањата во пензиските фондови.

Во спроведената анкета, 75 отсто од Французите изјавиле дека вложуваат пари во штедните фондови најмалку еднаш во шест месеци. Околу 42 отсто од граѓаните изјавиле дека издвојуваат  пари за заштеда барем еднаш месечно.

Во Франција има генерациски разлики околу начинот на штедење, односно 54 отсто од младите  на возраст меѓу 18 и 24 години, користат повеќе производи за штедење. Овој процент кај лицата постари од 65 години изнесува 64 отсто, пренесува, Б92.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано