Финансии / Банкарство

Европската централна банка ја намали каматната стапка

Советот на гувернери на Европската централна банка (ЕЦБ) на денешниот состанок одлучи да ја намали референтната каматна стапка на главните операции за 0,25 процентни поени. Сега, клучната каматна стапка за рефинансирање ќе биде 4,25 отсто, додека каматната стапка на депозитите ќе изнесува  3,75 отсто, а маргиналната каматна стапка е 4,5 отсто.

-        Инфлацијата во еврозоната е ослабната, како и инфлаторните очекувања, додека монетарната политика ги задржа рестриктивните услови за финансирање , се наведува во соопштението на ЕЦБ.

Во образложението на одлуката на Европската банка се наведува дека рестриктивната монетарна политика придонела за намалување на поварувачката и на зацврстување на инфлаторните очекувања, но од друга страна високиот раст на платите го задржа притисокот на домашните цени.  Затоа, инфлацијата до следната година ќе остане над посакуваното ниво од два отсто.

Инфлацијата од септември 2023 година е намалена за 2,5 процентни поени . Новите проекции за инфлацијата во еврозоната за годинава се  дека ќе изнесува 2,5 отсто. Во 2025 година таа ќе изнесува  2,2 отсто, за во 2026 година да  се намали на 1,9 отсто.

Доколку се исклучи влијанието на цените на енергијата и храната, се очекува инфлацијата во еврозоната годинава да изнесува 2,8 отсто. Проекциите за растот на БДП во еврозоната за годинава се дека ќе изнесува 0,9 отсто, во 2025 година да биде 1,4 отсто и 1,6 отсто во 2026 година, пренесе „Данас“.


 фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО