Финансии / Банкарство

Буџетскиот дефицит на САД со голем годишен раст

Буџетскиот дефицит на САД во мај годинава изнесуваше 347 милијарди долари, што е големо зголемување од над 100 милијарди долари од пред една година кога изнесуваше 240 милијарди долари.  Исплатите од буџетот во мај годинава достигнаа 671 милијарда долари и претставува нов рекорд на месечен раст од 22 отсто. Ова се должи и на предвремената исплата на 93 милијарди долари кои се планирани за јуни, објави американското министерство за финансии.  

Буџетските приходи во мај изнесуваа 324 милијарди долари и бележат зголемување од пет отсто во однос на мај 2023 година. Во првите осум месеци од фискалната 2024 година, дефицитот во федералниот буџет  изнесува 1,202 билиони долари, што е зголемување од три отсто од пред една година.

Приходите од почетокот на фискалната година изнесувале 3,28 билиони долари или зголемување од десет отсто. Расходите изнесуваат 4,49 билиони долари, што е за осум проценти повеќе во однос на истиот период лани, пренесе „Ројтерс“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО