Економија
Со 646 нови станови Центар останува најатрактивна локација за градење
14.06.2024г
Деловните субјекти кои се занимаваат со градежна дејност во 2023 година извршиле градежни работи во вредност од 36 милијарди денари (600 милиони евра). Од нив, 18 951 263 илјади денари се за објекти во индивидуална сопственост, објави Државниот завод за статистика на Македонија.
Во текот на минатата година се градени вкупно 2 874 објекти, а завршени се вкупно 3 445 станови со вкупна површина од 243 815 м2, од кои 3 415 се во индивидуална сопственост. Просечната корисна површина на завршените станови е 70.8 м2.
По региони, најмногу се градело во Скопскиот Регион, потоа во Југозападниот и Пелагонискиот. Во Скопскиот регион. се градени најмногу објекти односно 838 градежни објекти, од кои 579 се во индивидуална сопственост. Притоа, завршени се 2.061 стан, со вкупна површина од 139.078 квадрати. Во Центар се изградени 646 нови станови.
Според податоците на ДЗС, во 2023 година, индивидуални сопственици извршиле градежни работи во вредност од 13 милијарди денари (220 милиони евра). Во текот на 2023 година се градени вкупно 2 020 објекти и завршен е вкупно 2 331 стан со вкупна површина од 299 224 м2, од кои 67 се станови во викенд-куќи со вкупна површина од 7 196 м2. Просечната корисна површина на завршените станови е 128.4 м2.
По региони, најмногу се градеше во Полошкиот Регион, потоа во Скопскиот и Југозападниот.
Вкупниот број на изградени станови во 2023 година достигнува 5.776 станови, а во 2022 година биле изградени 6.301 станови.
фото freepic