Финансии / Банкарство

Инфлацијата во Европската Унија се зголеми на 2,7 отсто

Инфлацијата во Европската Унија благо забрза во мај, првпат од крајот на 2023 година, следејќи го трендот во еврозоната, објави Евростат.

На ниво на ЕУ, годишната стапка на инфлација во мај изнесувала 2,7 отсто. Цените во еврозоната пораснале за 2,6 отсто. На месечна основа, цените во двата региона во мај пораснале за 0,2 отсто, пресмета Европскиот завод за статистика.

Во мај цените на услугите пораснале најмногу во еврозоната, односно за 4,1 отсто во однос на истиот период лани.

Цените  на свежата храна пораснала за 1,8 отсто. Цените на енергијата се зголемени за 0,3 отсто. 

Највисока годишна стапка на инфлација во ЕУ од 5,8 отсто  е забележана во Романија. Во  Белгија  мајската инфлација е 4,9 отсто и  во Хрватска е  4,3 отсто.  

Финска забележа најниска годишна стапка на инфлација во мај, од 0,4 отсто.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО