Бизнис
Првата земја во Европската Унија почнува со копање на ураниум
19.06.2024
Финска е првата земја во Европската Унија во која се експлоатира ураниум. Рударската компанија „Терафам“ соопшти дека почнале да копаат ураниум во рудникот на североистокот на земјата во местото Соткаму.
Според плановите на компанијата, целосниот капацитет за експлоатација на ураниум ќе го постигнат до 2026 година, а вкупното годишно производство ќе изнесува 200 тони. Во подготовките за отворањето на рудникот за ураниум се инвестирани околу 20 милиони евра, пренесува Б92.
фото freepic