Финансии / Банкарство
Грција формира стабилизациски фонд од продажба на државен имот
19.06.2024
Грција планира да основа државен стабилизациски фонд со средствата собрани од продажбата на државен имот, кои ќе се вложуваат во инфраструктура, во зелени проекти и нови технологии, изјави министерот за финансии Костис Хатзидакис.
Во фондот ќе се уплаќаат средствата од продажбата на имотот кој остана во државна сопственост по грчката должничка криза, кој се состои од недвижности, пристаништа и комунални претпријатија. Почетниот фонд на фондот ќе изнесува 300 милиони евра.
Ирска кон крајот на минатата година најави основање на државен стабилизациски фонд за полесно да ги покрива трошоците во здравствениот и пензискиот систем, за покривање на трошоците од климатските промени, а воедно да воспостави механизам за заштита од падот на капиталните вложувања во случај на криза. Владата на Ирска до 2035 година ќе вложува во фондот по 0,8 отсто од номиналниот БДП, односно 4,3 милијарди евра годишно, пренесе „Сеебиз“.
фото freepic