Финансии / Банкарство

Просечната плата во Хрватска е 1.323 евра, половина работници примиле под 1.110 евра

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во правните лица во Хрватска за април годинава изнесува 1.323 евра, што е номинално за 17,9 отсто поголема од истиот месец лани, а реално за 13,7 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во однос на платата за март годинава, просечната нето-плата за април во Хрватска  е номинално пониска за 0,2 отсто, а реално за 0,9 отсто, пренесува „Пословни дневник“.

Највисока просечна месечна исплатена нето-плата по вработен во правните лица за април годинава е исплатена во дејности на информатички услуги, 2.483 евра, а најниска во производство на облека, во износ од 837 евра.

Медијалната нето плата за април била 1.110 евра, а половина од вработените во Хрватска  примале помалку од оваа сума.


фото freepic

 

 

ПРЕПОРАЧАНО