Финансии / Банкарство
Бескаматни стабени кредити за вработени во повеќе сектори во Албанија
24.06.2024
Албанската влада одлучи да обезбеди бескаматни станбени кредити за вработени во повеќе министерства, со цел да им го олесни решавањето на станбеното прашање.
Mинистерот за одбрана Нико Пелеши објави дека 90 припадници на армијата ќе имаат станбени кредити со камата од 0 отсто.
- Ова е важна одлука која има за цел да ги поддржи нашите војници, нудејќи им можност да ги подобрат условите за живот преку лесен заем, напиша тој на социјалните мрежи.
Според оваа одлука на владата оваа поволност ќе може да ја искористат и 90 полициски службеници, 45 здравствени работници, по 30 вработени во министерство за образование и спорт и министерството за земјоделство и рурален развој, како и 15 во министерството за економија, култура и новации.
За првпат владата минатата година додели бескаматни станбени кредити, кога беа опфатени вкупно 300 лица односно по 100 здравствени работници, припадници на полицијата и армијата.
Извор МИА
фото freepic