Финансии / Банкарство
ЕИБ очекува подобрување на кредитирањето во Југоисточна Европа
25.06.2024
Во регионот на Централна, Источна и Југоисточна Европа годинава се очекува значително подобрување на понудата на кредити, со натамошно зајакнување на побарувачката за кредити, објави денеска Европската инвестициона банка, која ги претстави најновите резултати од Анкетата за кредитирање на банките во ЦЕСЕЕ, која дава детална анализа за кредитната динамика и развој на банкарскиот сектор во земјите во регионот.
Во истражувањето се посочува на позитивните изгледи за кредитирање во наредните месеци, опфаќајки 70 локални претставништва и домашни банки, како и 12 меѓубанкарски групи.
Банките очекуваат зголемување на побарувањата од клиентите за кредитирање во сите категории, при што се очекува побарувачката за хипотекрани кредити да има најголем раст, соопштија од ЕИБ.
По спориот раст се очекува и заздравување на корпоративните инвестиции, пренесе „Блиц“.
фото freepic