Финансии / Банкарство

Прва летна школа за професионалци од осигурителната индустрија

Групација на осигурувањето при Стопанската комора на Северна Македонија

Од 1 до 5 јули, Факултетот за туризам и угостителство од Охрид ќе биде домаќин на првата летна школа за професионалци од осигурителната индустрија организирана од страна на Асоцијацијата за ризик и осигурување на Источна Европа (EERIA).
Станува збор за интензивна и за интерактивна петдневна програма за продлабочено разбирање и за владеење на осигурителниот бизнис. Програмата е интерактивна и го истражува секое прашање преку употреба на студии на случај од реалниот свет и отворена дискусија со гости предавачи.
Учесниците ќе имаат можност да ги усовршат деловните модели на осигурување, регулаторните прашања и новите стратегии со цел донесување на подобри одлуки на нивните работни места. Оваа интензивна програма дава знаења и вештини за да ги процените придобивките и предизвиците на осигурителните деловни модели и на регулативите за вашата организација и за вашиот финансиски екосистем.

ПРЕПОРАЧАНО