Финансии / Банкарство

Турција најавува даночни реформи, вклучени глобалниот данок и бакшишот

Министерството за финансии на Турција најави дека до парламентот ќе достави нов реформски пакет кој ќе влијае на досегашниот даночен систем. Според пишувањата на турските медиуми, дел од реформите се однесува на наплата на глобалниот минимален коропоративен данок, кој е воведен во повеќе од 30 земји, вклучително и во земјите од Европската Унија, пренесува „Мина“.

Зголемениот данок на добивка ќе се применува и на добивката остварена од големите инвестиции. Стапката на данокот на добивка изнесува 25 отсто за реалниот сектор, 30 отсто за банки и финансиски институции, 20 отсто за извозни компании, 23 отсто за јавни претпријатија и 24 отсто за производителите. Се препорачува стапката на данокот на добивка на заработувачката на компаниите кои делуваат во рамките на моделот изгради-управувај-пренеси и проектите од јавно-приватно партнерство да биде 30 отсто, наместо сегашните 25 отсто, пренесуваат турските медиуми.

Во пакетот реформски закони се најавуваат и мерки за спречување на неформалната вработеност, а се однесува на непријавените работници. Казната за непријавените работници би била  1,5 пати поголема од данокот  кој е пријавен и 4,5 пати повеќе доколку непријавеното вработување се оквалификува како „криумчарење“!

Парични казни ќе се изрекуваат и за готовинското плаќање на станарината. Новиот пакет на закони ќе го регулира и оданочувањето на приходите од бакшиш, односно за ослободување од ДДВ за овие плаќања.

-  Бакшишот ќе се прикажува одвоено во пресметката на данокот, под услов да не надминува десет отсто од надоместот на услугата. Овие приходи ќе бидат собрани на банкарската сметка и во целост ќе бидат исплатени на вработените, порачуваат од Министерството за финансии на Турција.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО