Lifestyle

Јапонија ќе изгради фабрика за најсовремени чипови за најмоќни компјутери

28.07.2024

Јапонската влада и приватните компании со заеднички вложувања градат фабрика за производство на најнапредни чипови, а висината на инвестициите изнесуваат 32 милијарди долари.

Јапонската компанија „Рапидус“ на островот Хокаидо гради објекти за производство на најнапредни чипови и нејзината вредност ќе ги надмине досегашните инвестиции за фабрики за производство на полупроводници, кои чинат од пет до седум милијарди долари. На оваа сума треба да се додадат и вложувањата во опремата од 12 до 15 милијарди долари, пренесува РТС.

Најновата фабрика на „Рапидус“ ќе почне со производство на логички чипови со кола во размер од два нанометра. Ова се најсовремени полупроводници кои, досега не биле произведувани, а кои ќе овозможат функционирање на најмоќни компјутери и сервери.

Размерот од два нанометра е на самата граница од тоа што во овој момент е физички изводливо да се произведе со примена на постојната технологија. Натамошната минијатуризација на полупроводните кола ќе бара и примена на целосно нова технологија.

Претходно, банките и другите институции одбија да ја финансираат изградбата на оваа фабрика, но јапонската влада соопшти дека ќе издаде гаранции за реализација на овој проект, кој е еден од најголемите поединечни проекти во историјата на земјата. Јапонската влада ќе продолжи со давање на субвенции за изградбата на фабриката на Хокаидо.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано