Бизнис

Аеродромите во Европа конечно ја надминаат корона кризата

01.08.2024

Прометот на патници во аеродромите во Европа го достигнаа нивото од пред пандемијата со ковид во 2019 година , но заздравување на патничкиот авионски превоз не е рамномерно за сите авионски пристаништа, објави Европскиот совет за меѓународни аеродроми.  

Прометот на патниците е зголемен за девет отсто во првите шест месеци во 2024 во споредба со истиот период лани. Главен движечки фактор  годинава беше меѓународниот авионски сообраќај, кој во првото полугодие порасна за 10,3 отсто . Домашниот патнички авионски сообраќај се зголемил за 4,2 отсто.

-  Вкупниот патнички сообраќај ја надмина 2019 година и сега авио сообраќајот го надмина најлошиот период, изјави Оливер Јанковец, главен директор на АЦИ Европа, пренесува АФП.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО