Бизнис

Во Европа помалку се градат нови станови

01.08.2024

Во Европа годинава ќе бидат завршени со изградба 1,8 милиони станови или за 8,5 отсто помалку од минатата година, се наведува во прогнозата на мрежата Еуроконструкт, во кој членува и Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен.

- Станбената изградба во Европа е изложена на влијанието на високите каматни стапки и ниската куповна моќ на граѓаните, изјави Лудвиг Дорфајстер, експерт во ИФО.

Во Германија годинава ќе бидат завршени за 15 отсто помалку станови од 2023 година, а причината за тоа е што градежни компании се оптоварени со високи трошоци за градба.

Во земјите од Скандинавија (во Финска и Шведска) годинава станбената изградба ќе се намали за 50 отсто. Во Норвешка овој пад ќе изнесува 22 отсто. Но затоа, во Шпанија во 2024 година ќе има повеќе завршени станови за 15 отсто, во Ирска за 10 отсто и во Полска за четири отсто.

Учеството на новите градби во вкупниот станбена изградба е се помало и годинава ќе се намали на 37 отсто, додека во 2016 ова учество изнесуваше 58 отсто.

- Градежната активност се повеќе се фокусира на одржување и модернизирање на постојните  објекти за живеење, изјави Дорфмајстер.

Градежните експерти очекуваат стабилизација на продажбата за нискоградбата, бидејќи средствата за финансирање на оваа област доаѓа од релативно стабилни извори, како што се повеќегодишни национални инвестициски фондови или средства од Европската Унија, пренесува „Еуроњуз“.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО