Финансии / Банкарство
Комерцијална банка има намера да ја преземе Стопанска банка Битола
01.08.2024г
Комерцијална банка преку известување до Македонска берза објави дека ќе даде понуда за купување на сите обични акции на Стопанска банка АД Битола.
“Согласно член 22, став 1 од Законот за преземање на акционерските друштва, Ве известуваме дека Комерцијална банка АД Скопје, застапувана од Управниот одбор, има намера да дадe понуда за преземање на сите обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка А.Д. Битола”, се вели во известувањето.