Економија
Намален обемот на трговската размена на Македонија во првата половина на 2024 година
05.08.2024
Обемот на трговската размена на Македонија во првата половина од годинана е намален за 3,3 отсто и изнесува 9 473 929 евра. Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари-јуни 2024 година, изнесува 3 930.0 милиони евра и бележи пад од 7,6 отсто во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во истиот период, изнесува 5 544.0 милиони евра, што е за 0,1 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит изнесува 1 614 милиони евра, соопшти Државниот завод за статистика.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-јуни 2024, изнесува 70,9 отсто.
Во периодот јануари-јуни 2024 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија.
Извозот во Европската Унија е намален за 8,9 отсто, а увозот од земјите од ЕУ е зголемен за 4,7 отсто, покажуваат податоците на ДЗС.
Гледано споре стоковна размена во секторот храна и живи животни, македонскиот извоз бележи раст од 11,8 отсто, а увозот имаме зголемување од 11,1 отсто. Во секторот пијалоци и тутун имаме намален извоз за 2,6 отсто, а увoзот бележи раст од 15,9 отсто.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.
Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и електричната енергија.
фото freepic