Бизнис

НОВИ ИНВЕСТИЦИИ-КУПУВАЊЕ СТАН ИЛИ КУЌА ВО БЛИЗИНА НА БАЊА, нов тренд на пазарот за недвижности во Србија

04.09.2024

Кај граѓаните на Србија расте интересот за купување на недвижност во познатите српски бањи, кои би служеле за одмор и за изнајмување за  домашните и странски гости.

-  Во последно време, за српските бањи постои зголемен интерес од домашните и странските купувачи на недвижности. Моментално имаме околи 1.000 огласи за продажба на недвижност во Врњачка Бања и околу 140 огласи за продажба на куќи во Сокобања, вели Александар Михајловиќ, од порталот 4зида.

Просечната цена на квадратен метар станбен простор во Врњачка Бања изнесува 1.800 евра. Во првиот квартал годинава цените во ова место беа 1.760 евра за квадратен метар. Цените на куќите значително пораснаа  од 859 евра, додека минатата година се продаваа за 600 евра за еден квадрат.

Просечната огласена цена за квадрат во куќа во Нишка Бања изнесува 533 евра. Овде куќа од 180 квадрати со двор од 3,3 ари се продава за 96.000 евра, пренесува „Бизлаив“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано