Бизнис
ВО ЛУКСЕМБУРГ РАБОТЕН ЧАС СЕ ПЛАЌА 47,2 ЕВРА, ВО БУГАРИЈА Е НАЈНИСКА САТНИЦАТА, највисоки цени има во Луксембург, Ирска, Данска
08.09.2024
Во Луксембург се највисоки цените меѓу земјите од Европската Унија и тие се за 52 отсто над европскиот просек. Трошоците за образованието во Луксембург се највискот во ЕУ со 276 отсто над просекот. Меѓутоа, граѓаните во оваа земја имаат највисока просечна плата со околу 47,2 евра за еден работен час, покажуваат податоците на Евростат.
Според цената за еден работен час, Данска е на второ место со 42 евра. На трето место е Норвешка со 41,7 евра за час, а во Исланд изнесува 39,5 евра. На дното на листата е Бугарија со просечна цена за еден час од осум евра, во Романија изнесува 10,4 евра, во Унгарија е 11 евра...
Романија има најниски цени во цела Унија, со 46 отсто под просекот на ЕУ. Но затоа романските граѓани за здравствени услуги плаќаат 70 отсто под европскиот просек, а за образованието 62 отсто под просекот.
Ирска е втора земја по скапотија во ЕУ, со висина на цените од 43 отсто над европскиот просек. Следуваат Данска со 43 отсто повисоки цени, Финска со 28 отсто, Холандија и Шведска со 22 отсто над просекот на цените во ЕУ, пренесува „Бизнис.рс“.
фото freepic