Бизнис
РАБОТНИЦИ НА ПРОПАДНАТИ ФИРМИ ГИ БАРААТ ПЛАТИТЕ СО КАМАТА!
28.09.2024
Работниците на пропаднатите општествени фирми во Ниш денеска протестираа пред градското собрание и бараат исплатата на заостанитете плати, што им ги ветил градоначалникот, да биде со камата!
Присутните работници искажале незадоволство што исплатата на заостанатите плати од градскиот буџет ќе биде без пресметана камата.
Градоначалникот на Ниш Драгослав Павловиќ изјави дека 6.000 работници ќе ги добијат неисплатените плати за што ќе бидат потребни 2,1 милијарди динари. Но исплатата би била во четири еднакви годишни рати до крајот на 2027 година, пренесува Н1.
фото freepic