Бизнис
ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ НЕМА ДА ГИ ЗГОЛЕМУВААТ ЦЕНИТЕ
30.09.2024
Германските претпријатија во претстојниот период не предвидуваат поскапување на нивните производи и услуги, со што се даваат знаци за понатамошно слабеење на инфлацијата, соопшти економскиот институт ИФО од Минхен.
Индексот за ценовните очекувања во септември се намали за 2,3 бодови, на 13,8 и тоа е најниска вредност од февруари 2021 година, објави агенцијата ДПА.
Инфлацијата во Германија во август се намали од 1,9 отсто на меѓугодишно ниво, за прв пат по повеќе од три години.
- Економскaта криза го стесни просторот на компаниите да ги подигаат цените. Ова значи дека инфлацијата ќе остане под два отсто, изјави Тимо Волмерсхојзер, економист во ИФО, објави „Бизнис.рс“.
фото freepic