Бизнис
Нова можност за приватниот сектор и академијата во Северна Македонија –новиот Дигитален центар за иновации ќе нуди услуги за поддршка на дигиталната трансформација, модернизација и пристап до финансии
01.10.2024
Новиот дигитален центар за иновации ДигитМак што ќе започне со работа во октомври ќе нуди можности за зајакнување на дигиталната подготвеност и капацитет во бизнисите и јавните организации. Истиот е основан од конзорциум на четири партнерски институции, секоја од нив со соодветна експертиза во услугите за поддршка на дигиталната трансформација, вклучително и основната инфраструктура. Основачите се Универзитетот Св Кирил и Методиј Скопје, Стопанска комора на Република Северна Македонија, Бизнис акцелератор УКИМ, како и Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување.
Центарот во следниве години ќе придонесува кон подобрување на дигиталната трансформација, одржливост, раст, продуктивност и конкурентност на приватните и јавните субјекти во државава.
Својата работа ќе ја започне со јавен симпозиум на 2ри октомври во Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство. Симпозиумот насловен „Иднината на дигиталните иновации: Симпозиум за соработка со академијата и индустријата“. Истиот ќе биде отворен од Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, а во текот на денот ќе ги собере водечките експерти, едукатори и индустриски професионалци за да ја потенцираат потребната соработка помеѓу академските институции и индустриските лидери. Имено, истата е од суштинско значење за поттикнување на иновациите и развој на работна сила опремена со вештини потребни за иднината. Овој симпозиум ќе обезбеди платформа за учесниците да разговараат за најдобрите практики, да споделат сознанија и да воспостават партнерства кои ќе ги подобрат образовните процеси и ќе промовираат одржлив економски раст.
Во текот на симпозиумот, ќе има можности за брзи состаноци фокусирани на услугите на центарот, вклучувајќи:
- - Проценка на иновациите
- - Образование и обука
- - Дигитализација и дигитални услуги
- - Пристап до финансии
На симпозиумот гостите ќе имаат можност да се запознаат со можностите и програмите на Европскиот институт за иновации и технологии (ЕИТ), Европската банка за обнова и развој, Европска мрежа на претприемништво на Северна Македонија – ЕЕНОМА, Мрежата на универзитети од главните градови во Европа (УНИКА), како и Центар за процесирање со високиперформанси на Северна Македонија.
Целосната програма може да ја проследите на: https://shorturl.at/MdrwU
За да го обезбедите вашето место на овој настан, регистрирајте се на https://forms.office.com/e/6zkBaFY8Ee.