Бизнис

САД ГИ ДОПОЛНИЈА ДРЖАВНИТЕ РЕЗЕРВИ СО НАФТА

01.10.2024

Соединетите Американски Држави ги дополнија стратешките резерви со шест милиони барели нафта за што се исплатени 411 милиони долари, соопштија од Министерството за енергетика. Купувањето на нафтата е дел од напорите на САД да ги пополни залихите откако американскиот претседател Џо Бајден ја одобри најголемата продажба на нафтата од  180 милиони барели од државните резерви во 2022 година со намера да ги контролира цените на нафтата по ескалацијата на воениот конфликт во Украина.

Пополнувањето на резервите ќе се извршува со 1,5 милиони барели месечно од февруари до мај  следната година. Пополнувањето на резервите со нафта на САД се прави во период кога има пониска цена на нафтата на глобалниот пазар и која се движи околу 75 долари за барел, објави „Сеебиз“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО