Бизнис
ГЕРМАНСКИТЕ ФИРМИ СЕ ЖАЛАТ НА ПРЕГОЛЕМА БИРОКРАТИЈА
01.10.2024
Германските компании подолго време се жалат на бирократијата. Иако владата ги намали потребните документи за некои административни услуги, општата слика за бирократијата во Германија не се сменила, оценува Луц Гебел, претседателот на Националниот совет за регулаторна контрола.
- Tоварот на бирократијата останува неподнослив. Германија продолжува да биде комплицирана земја, окована со премногу прописи и процедури. Властите носат прописи со „добра намера“ но сето тоа не доведе до состојба кога ни се одразува на конкурентноста, не кочи во иновативноста и ја ограничува ефикасноста на јавната управа. Степенот на фрустрација расте, а некои фирми ги затвораат и вратите, додека граѓаните ја губат вербата во државата дека може прагматично да ги реши проблемите, изјави Гебел, пренесува агенцијата ДПА.
Националниот советот претставува независна стручна група, која во својот годишен извештај наведува дека „намалувањето на бирократијата премина во главна тема за јавна расправа“.
Германската влада досега успеала само да го успори ширењето на бирократијата, но не и да го сврти трендот во раст од претходните години, пренесува „Бизнис.рс“.
фото freepic