Бизнис

ЧЕШКА И ПОЛСКА СО НАЈНИСКА СТАПКА НА НЕВРАБОТЕНОСТ, невработеност во еврозоната во август е на историски минимум

02.10.2024

Сезонски прилагодената стапка на невработеност во еврозоната во август е на историскиот минимум и изнесува 6,4 отсто и е на исто ниво како во јули годинава, објави денеска Евростат.

Стапката на невработеност во Европската Унија изнесува 5,9 отсто и забележа благ пад од јули, кога изнесуваше шест отсто.

Во август во ЕУ невработеноста изнесуваше повеќе од 13 милиони луѓе, од нив 10,9 отсто се во еврозоната.

Во споредба со јулскиот извештај, невработеноста во ЕУ се намали за 108 илјади и за 94.000 во еврозоната. Во споредба со август 2023 година невработеноста  се намали за 142.000 во ЕУ и за 233.000 во еврозоната.

Висока стапка на невработеност во август годинава е забележана во Шпанија со 11.3 отсто, во Грција со 9,5 отсто и во Шведска со 8,4 отсто. Ниски стапки на невработеност се регистрирани во Чешка со 2,6 отсто, Полска со 2,9 отсто и  во Малта на три отсто, објави „Политика“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано