Економија
ЗА ЖИВОТ ВО СКОПЈЕ МЕСЕЧНО СЕ ПОТРЕБНИ 1.900 ЕВРА, колкави се трошоците за живеење за четиричлено семејство во градовите од поранешна Југославија
03.10.2024
За живот на четиричлено белградско семејство му требаат месечно во просек 2.264,30 евра, додека на поединец му требаат околу 660 евра, без трошоците за кирија. Киријата за еднособен стан во центарот на Белград е околу 753 евра, додека во другите делови на градот сума е помала и изнесува околу 600 евра. Просечната плата во Белград е 840 евра, од нив околу 179 евра месечно треба да се одвојат за сметки за стан од 85 квадратни метри, објави платформата Нумбео.
Во Загреб месечните трошоци за четиричлено семејство изнесуваат околу 2.569 евра , додека на физичко лице му се потребни околу 730 евра. Иако, трошоците за домување во Загреб се во просек за 9,5 отсто пониски отколку во Белград, трошоците за живот се повисоки за околу 7,6 отсто. Просечната плата во Загреб е 1.510 евра , што е значително повисока во споредба со Белград.
Скопје е поевтин за околу 19,2 отсто во споредба со Белград, додека трошоците за изнајмување станови се пониски за 58 отсто. Просечните месечни трошоци за живот во Скопје за четиричлено семејство се 1.900 евра, а за физичко лице околу 555 евра.
Во Подгорица четиричлено семејство месечно троши околу 2.127 евра, а поединец околу 600 евра. Просечната плата во Подгорица е 828,50 евра
Љубљана, очекувано, има најголеми трошоци за живот меѓу градовите во поранешните југословенски републики. Трошоците за живот во Љубљана се за 24,4 отсто повисоки отколку во Белград, додека просечната плата е 1.606 евра. Трошоците за четиричлено семејство изнесуваат околу 2.900 евра месечно, а за физичко 840 евра , пишува „Клик.хр“.
фото freepic