Бизнис
РЕКОРДНА ВРАБОТЕНОСТ ВО СЕКТОРОТ НА ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА, нерамномерна географска распределба на работници во ОИЕ
05.10.2024
Минатата година во светот во секторот на обновливи извори на енергија биле отворени рекордни 2,5 милиони нови работни места, од нив најмногу се во Кина, информираат од Меѓународната агенција за обновливи извори на енергија и Меѓународната организација на трудот.
Во најновиот извештај на двете организации се забележува дека има и нерамномерна географска распределба на работните места. Во светот новите работни места во секторот на обновливи извори се зголеми за 18 отсто, односно од 13,7 милиони во 2022 година на 16,2 милиони во 2023 година.
Во Кина мината години биле остварени две третини од новите соларни електрани и електрани на ветер. Во овој сектор во Кина биле отворени 1,84 милиони работни места. Во оваа земја во овој сектор има 7,4 милиони работни места и претставуваат 46 отсто од вкупниот број на вработени во светот. Во Европска Унија има 1,8 милиони работни места, во Бразил 1,56, во САД и во Индија по милион работни места во секторот на обновливи извори на енергија. Во Африка имало само 324.000 работни места во овој сектор, пренесува „Сеебиз“.
фото freepic