Финансии / Банкарство

ВИСОК РАСТ НА ДОЛАРОТ, ЕВРОТО СИЛНО ПАДНА

06.10.2024

На девизните пазари вредноста на доларот минатата недела порасна по намалувањето на шпекулациите дека американската централна банка посилно ќе ги намали каматните стапки. Доларскиот индекс, кој ја покажува вредноста на американската валута кон шесте најважни светски валути, се зголеми за 2,1 отсто, на 102,49 бодови и се наоѓа влуску до највисокото ниво во последните 90 дена.

Курсот на еврото кон доларот се намали за 1,7 отсто и се разменува за 1.0975 доалри.

Американската валута зајакна и во однос на јапонскиот јен за 4,6 отсто и доларот се раменуваше за 148,70 јени.

Американскиот долар се смета за посигурнa инвестициja во услови на заострување на односите на Блискиот Исток. Вредноста на доларот порасна и поради добрите месечни податоци за вработеноста во САД, пренесе „Индекс.хр“.


фото freepic   

ПРЕПОРАЧАНО