Економија

ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ ПРОИЗВОДИ ПОСКАПЕЛЕ ЗА 6,5 ОТСТО, во септември во Македонија инфлацијата е 2,6 отсто, а цените на мало се зголемиле за 3,3 отсто

Индексот на трошоците на животот во септември 2024 година, во однос на септември 2023 година, бележи зголемување од 2,6 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3,3 %. Највисок раст на индексите на цените на мало во периодот јануари-септември 2024 година, во однос на истиот период лани има кај земјоделските производи за 6,5 отсто, кај прехранбените производи за 4,2 отсто и кај услугите за 4,7 отсто, објави ДЗС.

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во септември 2024 година, во однос на август 2024 година, изнесува 0,3 %. Зголемувањето на инфлацијата во септември 2024 година, во однос на август 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: храна и безалкохолни пијалаци за 1,7 %, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 1,1 %, комуникации за 0,9 %, разновидни стоки и услуги за 0., %, образование за 0,3 % и здравје за 0,1 %, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во септември 2024 година, во однос на август 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во следните групи: транспорт за 5,3 %, рекреација и култура за 1,8 %, ресторани и хотели за 0,4 %, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,2 %.

Трошоците на животот во групата облека и обувки остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Индексот на цените на мало во септември 2024 година во однос на август 2024 година изнесува 99,3.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано