Земјите производители на нафта од Африка собраа 45 отсто од почетниот капитал од пет милијарди долари за основање на Африканска банка за енергетика (АЕБ), која би требало да ги финансира нафтените и гасните проекти на континентот, поради кризата во финансирањето на меѓународните пазари на капитал. Првите финансиски „донатори“ за формирањето на АЕБ се големите производители на нафта: Нигерија, Ангола и Гана, изјавил Омар Фароук Ибрахим, главниот секретар на Африканската организација на производители на нафта (АППО).
Новата банка е структурирана како независна и наднационална пан-африканска банка за енергетски развој со почетен капитал од пет милијарди долари, пренесува „Бизнис.ба“.
фото freepic