Економија

ДЗС: Лани Македонија остварила раст на БДП од 2,1 отсто

18.10.2024

Бруто-домашниот производ (БДП) на Македонија во 2023 година изнесувал 897 694 милиони денари и во однос на 2022 година, номинално е зголемен за 10,0 %, а реално за 2,1 %, соопшти денеска Државниот завод за статистика.

Најголемо учество на додадената вредност со 18,9 % во структурата на БДП, во 2023 година, имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли, Транспорт и складирање и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна.

Финалната потрошувачка во 2023 година во структурата на БДП учествува со 83,4 %. Учеството на извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2023 година изнесува 67,8 %.

Вредноста на инвестициите во основни средства во 2023 година изнесува 222 114 милиони денари. Во техничката структура на инвестициите во основни средства, градежните работи учествуваат со 57,9 %, машините и опремата со 32,6 %, а останатите инвестиции со 9,5 %.


Извор МИА

фото freepic   

ПРЕПОРАЧАНО