Бизнис

ПРОСЕЧНАТА НЕТО ПЛАТА ВО АВГУСТ Е 41.097 ДЕНАРИ

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2024 година, изнесува 41 097 денари. Августовската нето плата е повисока за 12,9 отсто во однос истиот месец лани. Реалната нето плата во август  во однос на јули годинава е помала за  за 0,2 отсто, а во однос на август минатата година е повисока за 10,5 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2024 година, во однос на август 2023 година, изнесува 112,9.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (18,9 %), Уметност, забава и рекреација (18,8 %) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (17,0 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (5,3 %), Земјоделство, шумарство и рибарство (4,2 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3,2 %).


фото freepic  

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано