Финансии / Банкарство

ДИГИТАЛНАТА ФУНТА НЕМА ДА ГО ЗАМЕНИ ПЛАЌАЊЕТО ВО ГОТОВО, изјави гувернерот на Банката на Англија

27.10.2024

Дигиталните пари нема да го замени плаќањето во готово во Велика Британија, а Банката на Англија ќе продолжи да обезбедува банкноти и монети се додека тоа го сакаат граѓаните, изјави гувернерот Ендрру Бејли, на панелот дискусијата на 39 меѓународниот банкарски семинар во Вашингтон.

Гувернерот на Банката на Англија одговори за растечките стравувања кои се проширија на социјалните мрежи дека дигиталната валута ќе ги замени банктнотите. Активнистите за заштита на приватноста тврдат дека со воведувањето на дигиталните валути ќе им се даде „право“ на владите за надзор на луѓето и нивно исклучување од финансискиот систем.

Во Велика Британија се подготвуваат за дигиталната валута, наречена Бриткоин, а од Централната банка  се уште не одлучиле дали ќе ја промовираат.

- Системот за дигитално плаќање е посебно потребно во областа на прекуграничните плаќања, каде напредокот во модернизацијата на плаќањата се уште е забавено. Банките немаат доволно поттик за да ги забрзаат прекуграничните плаќања, а тоа ги кочи иновациите, вели Бејли, пренесува „Инвеститор.ме“.


фото freepic  

ПРЕПОРАЧАНО