Бизнис
Стамнова: Загубата на Централниот регистар ќе биде шесткратно поголема
30.10.2024
Централниот регистар работи со загуба. Годинава, загубата ќе биде шесткратно поголема од лани, рече денеска директорката на оваа институција Анита Стамнова.
Во обраќањето на настанот по повод „Деновите на Централен регистар“, Стамнова најави нови проекти и потенцира дека во фокусот ќе бидат развојот, транспарентноста и стбилноста на институцијата.
Регистарот, подвлече, ќе биде извор на информации за сите учесници во платниот промет.
-Претходната година забалежавме загуба во работењето прв пат по не знам колку години, а годинава веќе е извесно дека ќе рботиме со загуба. Уште кога дојдов на функцијата го детектиравме тоа со колегите. Загубата ќе биде шесткратно поголема од загубата минатата година. На сите состаноци со Министерството за финансии разменивме размислувања и насоки како да ни помогнат околу услугите што ги нудиме, за да ја подигнеме институцијата, да ја вратиме на „здрави нозе“, рече директорката.
Меѓу планираните активности, Стамнова ги акцентираше надградбата на централизираниот менаџмент со корисници, надградбата на Регистарот на вистинските сопственици на правните субјекти, како и надграбата на едношалтерскиот систем. Ќе биде во функција, дополни, и новиот регистар на сметки преку кој институцијата ќе се вклучи во борбата против перењето пари и финанансирањето тероризам.
- Покрај усогласувањето со ЕУ директивите, во делот на контролата и заштитата на податоците предложени се законски измени кои треба да придонесат за подобар квалитет на податоците. Целта на надградбата на централизираниот менаџмент со корисници е овозможување елекорнска идентификација на корисниците на електронските услуги на Централниот регистар со високо ниво на сигурност. Ќе се надградува и Регистарот на вистинските сопственици на правните субјекти со цел обебедување висок степен на транспарентност во сопственичката структура, а надграбата на едношалтерскиот систем ќе овозможи забрзување и поедноставување на пријавите за упис, истакна Стамнова.
Извор/фото МИА