Бизнис

НАЈМНОГУ ПАТНИЦИ СО ВОЗ ИМА ВО ФРАНЦИЈА И ГЕРМАНИЈА

30.10.2024

Минатата година во железничкиот превоз во Европската Унија се регистрирани 429 милијарди патнички километри (пкм), во однос на 386 милијадри во 2022 година. Ова е најголем број на остварен железнички промет со патници од 2004 година од кога се води ваква евиденција.

Побарувачката за патничкиот превоз со железница се зголеми за 9,4 отсто меѓу 2015 и 2019 година.  Во 2023 година е остварен раст на железничкиот промет во сите квартали.

Од осум милијарди патници со железницата во 2023 година, речиси половина се реализирани во Германија (33,9 отсто) и во Франција со 15 отсто.

Зголемувањето на бројот на патници со возови е најголемо во Хрватска (29 отсто), во Ирска (28,7 отсто) и во Луксембург (25,1 отсто).

Во Грција има најголемо намалување на бројот на патници  за 17 отсто.

Железничкиот товарен превоз во ЕУ достигна 378 милијарди тон-километар (ткм) и има намалување од 4,9 отсто во споредба со 2022 година, пренесува „Свијет.хр“.


фото freepic  

ПРЕПОРАЧАНО