Општество

Извештај на ЕК: Македонија нема напредок во заштитата од климатски промени

Извештајот на Европската комисија за напредок на земјава по поглавјето 27: Животна средина и климатски промени нотира дека соочување со значајни предизвици во усогласувањето со директивите на ЕУ. Недостигот на специјализиран персонал и слабиот институционален капацитет ја поткопуваат контролата на квалитетот и соодветното извршување на проценката на влијанието врз животната средина. Иако се направени одредени чекори напред, потребни се значајни реформи и подобрувања во различни сектори, вклучувајќи го управувањето со отпадот, квалитетот на воздухот, заштитата на природата и климатските промени.

Во делот на животна средина, Извештајот покажува дека Северна Македонија не е целосно усогласена со Директивите за проценка на влијанието врз животната средина што негативно влијае на сите други сектори. Недостигот на специјализиран персонал и слабиот институционален капацитет ја поткопуваат контролата на квалитетот и соодветното извршување на проценката на влијанието врз животната средина. Ова, како што наведуваат, води до одобрување на инфраструктурни проекти без темелно разгледување на влијанието врз животната средина. 

Многу ограничен напредок Извештајот нотира и во однос на квалитетот на воздухот. Постоечкиот систем за мониторинг и структурите задолжени за собирање и обработка на податоци бараат засилување. Од ЕК велат дека автоматската мрежа за следење беше одржувана, но капацитетите се екстремно ниски, а процесот на дефинирање на зони и агломерации треба да се заврши. 

- Земјата треба да го зајакне системот за инспекција и санкции и да го зајакне моделот на финансирање на секторот, градејќи врз принципите на загадувачот плаќа и целосно надоместување на трошоците, стои во Извештајот.

Во делот на заштита на природата, се наведува дека Македонија треба да усвои нов закон за природата и да продолжи со активностите за идентификување на потенцијалните Натура 2000 локации. Недостигот на одржливо финансирање и административен капацитет и тука останува важен предизвик, иако за прв пат се доделени средства од националниот буџет за поддршка на управувањето со четири национални паркови. 

Извештајот нотира дека идустриското загадување и управувањето со ризикот се во рана фаза на усогласување, а законот за индустриски емисии допрва треба да се усвои. Нема развој во областа на хемикалиите и загадувањето со бучава. 

Што се однесува до климатски промени, Извештајот не забележува напредок, нагласувајќи дека Законот за климатска акција треба допрва да се усвои. 

- Сè уште треба да се усвои ажуриран национален план за енергија и клима и долгорочна стратегија за климатска акција заедно со целта за климатска неутралност до 2050 година. Националниот систем за инвентаризација на стакленички гасови исто така бара операционализација. Северна Македонија треба целосно да го спроведе пакетот за воведување на цените на јаглеродот до декември 2025 година и да се усогласи со ЕУ. Исто така, треба да подготви и поднесе нов национален одреден придонес, според Парискиот договор и да се усогласи со неодамнешните ажурирања на климатската политика на ЕУ во рамките на пакетот „Подготвени за 55“. 


Извор МИА

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано