Економија

ПАД НА ОБЕМОТ НА ТРГОВСКАТА РАЗМЕНА, НАМАЛЕН ИЗВОЗ ВО ЕУ, СО БУГАРИЈА РАСТ НА УВОЗОТ И ИЗВОЗОТ

04.11.2024

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – септември годинава, изнесува 5 861.1 милион евра и бележи пад од 6,1 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 8 205,4 милиони евра, што е за 0,5 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит е 2 344,3 милиони евра, соопшти Државниот завод за статистика.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – септември 2024 година, изнесува 71,4 %.

Во периодот јануари – септември 2024 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија.

Во периодот од јануари до септември 2024 година извозот на храна од Македонија изнесувал 386,6 милиони долари, а увозот на храна  изнесува 837,4 милиони евра. Во првите девет месеци годинава увозот на храна изразен во долари се зголемил за 11,9 отсто, а во извозот имаме раст од 10,1 отсто.

Во истиот период извозот во Европската Унија, која  е наш најголем трговски партнер, се намалил за 7,4 отсто, а увозот се зголемил за 3,5 отсто. Во трговската размена со земјите од Западен Балкан, нашата земја бележи раст на извозот за 8 отсто, а увозот од овие земји е намален за 3,8 отсто.

Од јануари до септември 2024 година обемот на трговската размена меѓу Македонија и Германија изнесува околу 3,6 милијарди долари и  се намалилa за 8,2 отсто во однос на истиот период лани.  Извозот во Германија е намален за13,4 отсто, а увозот на Македонија на германски производи е зголемен за 9,3 отсто.

Обемот на трговската размена со Грција во периодот јануари-септември 2024 година изнесува 1,04 милијарди долари или намалување за 7,7 отсто. Размената со Србија изнесува 889 милиони долари  или зголемување за 4,1 отсто. Обемот на  размената со Бугарија во првите девет месеци годинава  изнесува 815 милиони долари со зголемување од 19,6 отсто во однос на истиот период лани. Извозот во Бугарија е зголемен за 13,8 отсто, а увозот од оваа земја е зголемен за 24,2 отсто, стои во соопштението на ДЗС.  


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО