Бизнис

НАМАЛЕН БРОЈОТ НА ДОМАШНИТЕ ТУРИСТИ, НО ТИЕ ПОВЕЌЕ НОЌЕВАЛЕ

11.11.2024

Во септември годинава во земјава се евидентирани 134 829 туристи, од кои 24,6 % се домашни, а 75,4 % се странски туристи, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на ноќевањата во септември 2024 година изнесува 262 632, од кои 31,9 % се од домашните, а 68,1 % од странските туристи.

Во периодот јануари – септември 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 8,3 %. Кај домашните туристи има намалување за 1,2 %, а кај странските има зголемување за 14,2 %.

Во периодот јануари – септември 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 5,0 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2,2 %, а кај странските има зголемување за
8,8 %.

ПРЕПОРАЧАНО