Економија
Економски факултет - Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе биде домаќин на две значајни меѓународни конференции
12.11.2024г
Во периодот 13-15 ноември, 2024 година, Економски факултет - Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе биде домаќин на две значајни меѓународни конференции.
На 13-ти и 14-ти ноември ќе се одржи 5-та меѓународна научна конференција на катедрите за економска теорија и општа економија (MIKET 2024) под наслов „LESSONS FROM CONTEMPORARY ECONOMIC CRISES FOR ECONOMIC THEORY AND POLICY“. Конференцијата ќе собере реномирани експерти и научници од регионот, кои ќе дискутираат за предизвиците и научените лекции од тековните глобални економски кризи.
На 14-ти и 15-ти ноември, ќе се одржи и 5-та меѓународна научна конференција „ECONOMIC AND BUSINESS TRENDS SHAPING THE FUTURE“ (EBTSF-24). Оваа конференција ќе биде посветена на актуелните економски и бизнис трендови и ќе понуди платформа за размена на знаења меѓу истражувачи, како и професионалци од економската и деловната сфера.
Двете конференции претставуваат извонредна можност за зајакнување на научната и деловната соработка во регионот и пошироко.
Повеќе за конференциите може да се информирате на: