Финансии / Банкарство

НАРОДНА БАНКА НА СРБИЈА ЈА ОГРАНИЧУВА КАМАТАТА ЗА СТАНБЕНИ КРЕДИТИ

13.11.2024

До крајот на 2025 година ќе биде ограничена максимална горна граница на каматите за  станбените кредити на пет отсто, изјави Јоргованка Табаковиќ, гувернер на Народна банка на Србија.

Таа очекува до крајот на годината да  бидат завршени сите  формални процедури и постапки за донесување на новиот закон за ограничување на максималните каматни стапки за банкарските кредити.

- Граѓаните не треба да се плашат. Значи, остануваме на максимални пет отсто за горната граница до 2025 година. Очекуваме и политиката на Европската централна банка (ЕЦБ) да го направи своето и каматите да не бидат над ова ниво и по 2025 година, изјави Табаковиќ, пренесе „Еуроњуз“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО