Финансии / Банкарство

ФЕД НЕМА ДА БРЗА СО НАМАЛУВАЊЕ НА КАМАТИТЕ, ПОРАДИ СИЛИНАТА НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА

15.11.2024

Силниот економски раст на САД ќе им овозможи на креаторите на монетарната политика да не брзаат кога ќе одлучат да ги намалат каматните стапки, изјави претседателот на Федералните резерви Џером Пауел.

- Од економијата не пристигнуваат никакви сигнали дека треба да побрзаме со намалување на каматите. Силата која ја гледаме во економијата ни дава можност внимателно да пристапиме кон своите одлуки, изјави Пауел, пред бизнисмените во Далас, кој оцени дека „домашниот раст е најголем од било која голема економија во светот“.  

Според него, пазарот на трудот во САД се држи добро наспроти разочарувачкиот раст на бројот на работни места во октомври, што е последица на ураганот во југоисточниот дел на САД и штрајкот на работниците.  Стапката на невработеност е незначително зголемена, но во последните месеци имала намалувачки тренд.

Во врска со инфлацијата, Пауел нагласил дека има напредок  кон остварувањето на целта од два отсто, објави „Свијет.хр“. 


фото freepic 

 

ПРЕПОРАЧАНО