Финансии / Банкарство

ДОЛАРОТ СО ЗГОЛЕМЕНА ВРЕДНОСТ ВТОРА НЕДЕЛА ПО РЕД

17.11.2024

Вредноста на доларот кон кошничката поважни валути минатата недела се зголеми, втора недела по ред, по објавата од претседателот на американската централна банка, дека може да го забави темпото на каматните стапки.

Индексот кој  ја покажува вредноста на американскиот долар кон шест светски валути зајакна за 1,6 отсто и достигна вредност од 106,67 бодови.

Доларот ја зголеми вредноста кон јапонскиот јен за 1,1 отсто, и се разменуваше за 154,30 јени.

Претседателот на ФЕД Џером Пауел деновиве изјави дека американската економија има стабилен раст, а на пазарот на трудот нема драстични промени, инфлацијата е над поставената цел од два отсто, но дека внимателно ќе се разгледува намалувањето на каматните стапки, пренесе „Индекс.хр.“.  


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано