Финансии / Банкарство

ИНФЛАЦИЈАТА ВО ЕУ 2,3 ОТСТО, РОМАНИЈА СО НАЈВИСОКА ИНФЛАЦИЈА

19.11.2024

Годишната стапка на инфлација во еврозоната во октомври 2024 година изнесуваше два отсто, додека годишната стапка на инфлација во Европската Унија за истиот период изнесуваше 2,3 отсто, објави Евростат.

Годишната стапка на инфлација во еврозоната во септември годинава беше на ниво од 1,7 отсто, а минатата година беше 2,9 отсто.

Годишната стапка на инфлација во Европската Унија во септември беше на ниво од 2,1 отсто, додека во претходната  година беше на ниво од 3,6 отсто.

Најниската годишна стапка на инфлација е регистрирана во Словенија (нула отсто), Литванија и Ирска со по 0,1 отсто.

Највисоки годишни стапки се забележани во Романија со пет отсто, Белгија и Естонија со 4,5 отсто, пренесува „Блиц“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано