Финансии / Банкарство

ФРАНЦИЈА Е ДОЛГОГОДИШЕН ЧЛЕН НА ГРУПАТА ЗЕМЈИ СО НАЈВИСОК БУЏЕТСКИ ДЕФИЦИТ

26.11.2024

Eвропската комисија денеска ја објави процената за буџетските планови на државите од еврозоната за 2025 година и за среднорочните планови на сите членки во Европската Унија, како и плановите за враќање на дефицитите под три отсто.

Франција (со исклучок на Романија) има најголем буџетски дефицит од 6,2 отсто од БДП. Втората по големина европска економија е во групата од осум земји со посебни процедури  поради прекумерниот дефицит, со Белгија, Унгарија, Италија, Малта, Полска, Романија и Словачка.

На оваа група земји може да и се приклучи и Австрија, чиј дефицит годинава се очекува да биде 3,6 отсто од БДП, пренесува агенцијата „Бета“.

Франција од почетокот на воведувањето на еврото се наоѓа во зоната со прекумерен буџетски дефицит. Франција  предложи план за намалување на дефицитот  на пет отсто од БДП во 2025 година, а до 2029 година да се симне на ниво од 2,8 отсто.

Европската комисија се воздржуваше од воведување на санкции поради непочитување на заедничката буџетска политика. Меѓутоа, можат да бидат пропишани казни за Франција  од 0,1 отсто од нејзиниот БДП за секоја година, односно околу 2,8 милијарди евра, пренесува „Бизнис.рс“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО