Финансии / Банкарство
ЦЕНТРАЛНАТА БАНКА НА ТУРЦИЈА ПОСТАВИ ГОДИШНА ЦЕЛ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА КАМАТНАТА СТАПКА
28.11.2024
Централната банка на Турција има за цел да ја намали својата каматна стапка на 21 отсто до крајот на 2025 година. Трендовите за намалување на инфлацијата се подобрени, но се побавни во однос на очекуваните проекции, изјави гувернерот Фатих Карахан, во говорот во Истанбулската индустриска комора (ИСО).
Гувернерот на Турција најави продолжување на процесот на дезинфлација и на стабилизирање на цените.
Инфлацијата во октомври во Турција се намали на 48,6 отсто. Централната банка очекува до крајот на годината инфлацијата во Турција да изнесува 44 отсто, пренесува Б92.
фото freepic