Вести

Хрватска: Недостапни се веб-страниците на Владата и министерствата и полициските сектори

29.11.2024

Веб-страниците на Владата и министерствата и полициските сектори се недостапни, јавија хрватските медиуми, наведувајќи дека засега нема официјални информации дали се работи за хакерски напад.

Ниту една страница што е на gov. домејн не функционира, а не функционира ниту веб-страницата на Даночната управа. 

Пад на веб-страниците на владата, министерствата, полицијата и други органи на државната управа во Хрватска не е последица на хакерски напад, туку, како што се дознава, надградба на системот, јави Хина. 

Нефункционирањето на страниците е предизвикано од ноќна надградба на системот на државната компанија за информатичка инфраструктура Apis (Агенција за поддршка на информациски системи и информациски технологии).
Сите страници станаа повторно достапни по 7:30 часот.


 

Извор/фото МИА 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано